Мајнц му го раскина договорот на Ел Гази поради ставовите за Палестина

Екипата на Мајнц и официјално му го раскина договорот на холандскиот интернационалец, Анвар Ел Гази, поради неговите јавно искажани ставови со поддршка за Палестина.

Откако фудбалерот првиот пат напиша објава на социјалните мрежи со осуда за Израел и поддршка за Палестина, тој беше суспендиран, но веднаш го избриша напишаното, а после една недела беше вратен во екипата.

Сепак, тој повторно се јави на социјалните мрежи и напиша дека не се кае за напишаното и останува неговата отворена поддршка за палестинскиот народ. После ова следуваше експресна реакција на Мајнц, од каде му го раскинаа договорот и сега тој е слободен фудбалер.

„Мајнц го раскинува договорот со Ел Гази и одлуката стапува на сила веднаш. Клубот ја презеде оваа мерка како одговор на изјавите на фудбалерот на социјалните мрежи“, стои во соопштението на бундеслигашот.