Мајорка – Барса на стартот на новиот шпански шампионат

Барселона одбраната на титулата во шпанското првенство ќе ја започне на Балераските острови. Барселона на 17 август ќе и гостува на Мајорка во првото коло од Ла Лига, а во последното 38. коло ќе гостува кај Валенсија на 24 мај 2026 година.
Денес беше извршена ждрепката за распоредот на натпреварите од Ла Лига, а објавени се и датумите на Ел Класико.
Реал ќе ја пречека Барселона на 26 октомври оваа година, а на 10 мај 2026 година, „кралскиот клуб“ ќе гостува во Каталонија.
Кога станува збор за најголемото мадридско дерби, Атлетико ќе му биде домаќин на Реал на 28 септември, а Реал ќе ги пречека „јорганџиите“ на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ на 22 март 2026 година.
Натпревари од првото коло (17 август): Алавес – Леванте, Мајорка – Барселона, Реал – Осасуна, Виљареал – Овиедо, Атлетик Билбао – Севилја, Валенсија – Реал Сосиедад, Селта – Хетафе, Џирона – Рајо Ваљекано, Елче – Бетис, Еспањол – Атлетико Мадрид.