Мајсторија на Меси од слободен, недоволна за победа на Аргентина
Аргентина во првото коло на Копа Америка киксираше и одигра „само“ 1:1 против Чиле.
Натпреварот во Рио де Жанеиро го одбележа погодокот на Лионел Меси во 33. минута. Најдобриот аргентински фудбалер мајсторски го изведе слободниот удар од 25 метри, го префрли живиот ѕид и го матираше голманот на противничката репрезентација.
Мајсторијата на Меси сепак не беше доволна за три бода на Аргентина, бидејќи на почетокот на второто полувреме, Едуардо Варгас го израмни резултатот.