Маџунков ќе игра за Лувен бво Лигата на шампионите

Репрезентативниот среден блокер Филип Маџунков по една сезона мината во редовите на матичниот клуб, Струмица 47&72 повторно се враќа на интернационалната сцена и тоа во позната средина, во тимот на белгиски Лувен. Нашиот одбојкар и клубот се обврзаа на соработка до крајот на сезоната.
Маџунков ќе биде значајно засилување за Лувен како во белгиското првенство, каде што екипата во моментов е на втората позиција, така и во ЦЕВ Лигата на шампионите, каде тимот во групната фаза ќе се соочи со италијански Лубе Цивитанова, Монпеље од Франција и полска ПГЕ Варшава.
Средниот блокер денеска ќе и се приклучи на екипата и ќе стартува со тренажен процес, додека дебито за ново-стариот клуб треба да го има престојниот викенд.
Маџунков покрај дресот на Струмица на домашна сцена бил играч и на Вардар, додека интернационалната кариера ја гради со настапи во националните првенства на Црна Гора, Италија, Германија, Хрватска, Полска и сега повторно Белгија.