Мбапе: Ако не потпишев за Реал…

Килијан Мбапе минатото лето се пресели во Реал Мадрид од ПСЖ, а сега, по освојувањето на Интерконтиненталниот куп даде многу интересна изјава.

Мбапе постигна еден од трите гола на „Кралевите“ и така беше херој на натпреварот и во своето второ финале во дресот на Реал.

Сега, по натпреварот во Доха, даде многу интересна изјава во која го спомена времето поминато во ПСЖ.

„Поминав седум години во ПСЖ, тоа за мене беше чест. Мислам дека тоа никогаш не сум го кажал и мислам дека не покажав доволно, но секогаш бев свесен за големината на клубот”, истакна Французинот, па продолжи:

Секогаш велев дека тоа е најголемиот тим во Франција и еден од најдобрите во светот. Сега стигнав до најголемиот клуб во светот. Секогаш велев дека Реал Мадрид е единствениот клуб во кој би заминал од ПСЖ.

Да не можев да потпишам со Реал Мадрид, ќе останев во ПСЖ целата кариера. Секогаш сум сонувал да играм тука и многу сум среќен што го постигнав тоа.”