Мбапе ги објасни проблемите во француската репрезентација
Фудбалерот на Реал, Килијан Мбапе изјави дека сака да игра за француската репрезентација и додаде дека дресот на репрезентацијата секогаш му бил на прво место.
Исто така, Французинот истакна дека имало многу немили настани околу француската репрезентација за време на Европското првенство.
„За време на Европското првенство имаше многу клевети и лаги за мене. Ме навредуваа и ме обвинуваа за некои тимски неуспеси. Сето тоа го прифатив за доброто на француската репрезентација. Репрезентативниот дрес секогаш го ставам на врвот на моите интереси. Направив сѐ што можев за да ја претставам Франција што подобро. Го скршив носот за овој тим, а сега луѓето велат дека не сакам да играм за репрезентацијата и дека сум фокусиран само на Реал. Сепак, немам намера да се откажам“, изјави Мбапе за Канал плус.
Потоа објасни зошто не играл за француската репрезентација на натпреварите од Лигата на нации во октомври и ноември.
„Нема ништо поважно од репрезентацијата. Се повредив во октомври, а за натпреварите во ноември не можам да кажам ништо. Тоа е одлука на тренерот Дидие Дешам, која морам да ја почитувам. Тој се прашува. Сакав да играм за Франција во ноември, но селекторот не ме повика. Жал ми е, но не можам да кажам зошто не ми се јави“, додаде францускиот фудбалер.
Мбапе во летниот преоден рок пристигна во Реал од Пари Сен Жермен.