Мбапе го загуби спорот со ПСЖ

Килијан Мбапе претрпе правен пораз во спорот со ПСЖ, откако судот во Париз донесе одлука во корист на францускиот клуб.

Фудбалерот се обиде да издејствува замрзнување на сметките на поранешниот клуб, како дел од процесот за наплата на побарувањата, но судот го одби тоа барање. Мбапе тврдеше дека ПСЖ му должи околу 55 милиони евра на име бонуси и неисплатени примања за последните месеци од сезоната 2023 2024.

Со пресудата, судот не само што застана на страната на парижани, туку му наложи на напаѓачот да ги покрие и судските трошоци. Дополнително, Мбапе ќе треба да плати уште 3.000 евра како надомест за трошоците што ПСЖ ги имал во текот на судската постапка.

Оваа одлука претставува сериозен удар за француската ѕвезда, додека ПСЖ доби значајна правна потврда во долготрајниот спор со својот поранешен капитен.