Мбапе дал ветување на Реал Мадрид дека тој е негов следен клуб

Спрема пишувањата на шпански „АС“, во Реал Мадрид се повеќе од сигурни дека Килијан Мбапе ќе биде нивни играч следната сезона.

Причината за ваквото верување лежи во фактот дека Мбапе веќе му дал ветување на претседателот Перез дека Мадрид е негова следна дестинација.

„Кралскиот клуб“ се обиде да го доведе Мбапе уште во текот на изминатото лето, но нивната понуда тешка 180 милиони евра беше одбиена од челниците на Париз Сен Жермен.

Килијан Мбапе за помалку од еден месец ќе има право за преговори со заинтересираните клубови и да потпише пред договор со некој од нив.

Тој повеќе пати има истакнато дека Реал Мадрид е негова следна цел и дека таму ќе може да го покаже својот целосен играчки капацитет.