Мбапе е најдобар стрелец на Мундијалот

Францускиот репрезентативец, Килијан Мбапе, е најдобар стрелец на Светското првенство во Катар со постигнати осум голови, вклучувајќи го и постигнатиот хет-трик во финалето со Аргентина, кој сепак не беше доволен за одбрана на титулата.

Младиот напаѓач, пред својот 24-ти роденден стигна до вкупно 12 гола на Светските првенства и само прашање на време е кога ќе го надмине рекордот од 16 голови на Мирослав Клосе.

Лионел Меси постигна седум гола на Мундијалот, додека Хулијан Алварез и Оливие Жиру постигнаа по четири погодоци.