Мбапе за три години во ПСЖ ќе заработи 630 милиони евра

Францускиот весник „Паризијен“ пренесува дека Фудбалерот на Париз Сен Жермен, Килијан Мбапе, до 2025.година од клубот ќе добие 630 милиони евра.

Според информациите кои ги пренесува весникот, челниците на ПСЖ пред пет месеци му понудиле на Мбапе тригодишен договор според кој фудбалерот ќе заработува 72 милиони евра по сезона. Според истите информации, Мбапе само за потпишување на договорот добил бонус од 180 милиони евра.

Ако Килијан Мбапе остане во редовите на ПСЖ, тогаш тој до јуни 2025.година со сите дополнителни бонуси ќе заработи најмалку 630 милиони евра.