Мбапе има понуда на маса: Реал му нуди 21 милион евра годишно

Реал Мадрид се соочува со финансиски потешкотии во пресрет на потенцијалниот трансфер на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе.
Како што објави „АС“, во Реал Мадрид не се во можност да ги исполнат барањата на 22-годишниот фудбалер. Според условите на тековниот договор со Парижаните, кој е со важност до летото 2022 година, Килијан добива 21 милион евра. Реал е подготвен да му плати исто, но нема да може да гарантира поголема плата. ПСЖ, од друга страна е подготвен да му обезбеди на Французинот иста плата како и неговиот партнер во нападот Нејмар, односно 36 милиони евра.
Претходно беше објавено дека Реал Мадрид во моментов не е подготвен да ја плати сумата која ја бара ПСЖ за Мбапе во клаузулата од неговиот договор, а која изнесува 150 милиони евра.