Мбапе мотивиран пред дуелот со поранешниот клуб

Фудбалерите на Реал Мдрид вечерва го пречекуваат Монако во меч од 7. коло во Лигата на шампионите. Најдобриот фудбалер на „кралевите“, Килијан Мбапе за очекувањата од денешниот дуел вели
„Монако не е во најдобра форма во моментов, но секогаш знаат како да го одржат своето ниво. Мислам дека треба да бидеме агресивни и да покажеме дека ова е наш ден. Сакаме да победиме за да обезбедиме место меѓу првите осум. Ова е важен натпревар против противник од високо ниво. Фактот дека натпреварот од Лигата на шампионите се игра на „Сантијаго Бернабеу“ ни дава предност“, изјави Мбапе.
Моментално, „Лос Бланкос“ имаат 12 бода и се седми на табелата во Лигата на шампионите. Монако, со девет бода, е 19-ти.