Мбапе му посака добредојде на Дембеле

Суперѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, кој моментално е суспендиран од првиот тим, со интересна порака го пречека Усман Дембеле, кој и официјално беше промовиран како ново засилување за францускиот првак.

Двајцата се соиграчи во француската репрезентација. 

“Добредојде дома брат мој, среќен сум што те видов овде. Авантурата започнува”, напиша Килијан на Инстаграм.

Мбапе е во немилост во ПСЖ поради неговата желба следното лето да го напушти клубот како слободен играч.