Мбапе поставил еден услов кон ПСЖ – веднаш е одбиен!

Килијан Мбапе се уште не постигнал договор со ПСЖ за продолжување на соработката. Францускиот напаѓач сака да го напушти Париз и тоа може да го направи на два начина – со продолжување на соработката со договор за отштета или да почека една сезона и да замине како слободен играч.

Во овој момент се поизгледна се чини втората опција, бидејќи Мбапе постави само еден услов кон ПСЖ во преговорите, а истиот веднаш е одбиен. Тој бараше во новиот договор да се стави клаузула со која со одредена отштета може да замине во мадридски Реал. Раководството на ПСЖ не сакаше ни да чуе за таков договор, бидејќи планираат екипата да ја градат околу Мбапе во наредните години.

„Килијан ќе остане во Париз. Нема никогаш да го продадеме, ниту пак ќе замине како слободен играч. Тука има се што ќе посака, кој клуб има амбиција како нас? Ова е неговата земја. Тој има мисија не само да игра фудбал, туку и да ја промовира француската лига, државата и Париз.“ – рече претседателот на клубот, Насерл Ал-Келаифи.

ПСЖ го плати Мбапе 180 милиони евра на Монако, а постои можност 22-годишниот фудбалер идното лето да замине како слободен играч, што сигурно би бил тежок удар за клубот од Париз.