Мбапе приклучен кон тренинзите на ПСЖ, дали се гледа крајот на кризата?

Ѕвездата на француската репрезентација и на шампионот ПСЖ, Килијан Мбапе, кој беше исфрлен од тимот поради спор околу договорот, е вратен во првиот тим, објави парискиот клуб.

„По многу конструктивни и позитивни разговори меѓу Пари Сен Жермен и Килијан Мбапе пред натпреварот ПСЖ – Лориен, оваа сабота, играчот утрово е вратен во првиот тим“, објави ПСЖ преку соопштение.

Француските медиуми шпекулираат дека Мбапе ќе потпише нов договор со парижаните, а во договорот би требало да има и клаузула според која може да си замине следното лето.