Мбапе: ПСЖ ме третираше како да сум крадец

Килијан Мбапе вели дека уште во јули го известил ПСЖ дека сака да биде продаден бидејќи нема намера да стави потпис на нов договор.

Во последните денови од летниот преоден рок, Реал Мадрид тргна во офанзива по потписот на Килијан Мбапе, на маса беа ставени три понуди, последната вредна околу 200 милиони евра.

Сепак, ПСЖ не сакаше да слушне за продажба на напаѓачот и покрај тоа што тој ја одработува последната година од договорот и следното лето може да замине беспари.

Во разговор со Радио Монте Карло, Килијан Мбапе сега си ја отвори душата и откри што се случувало во летниот преоден рок.

„Побарав да го напуштам ПСЖ, тоа беше во јули месец, се решив на еден ваков чекор бидејќи немав намера да ставам потпис на нов договор и сакав клубот да добие обесштетување со кое ќе може да донесе квалитетна замена. Овој клуб ми даде многу, бев среќен изминативе четири години и се уште сум среќен. Им кажав порано за да имаат време да испланираат се. Сакав да се разделиме достоинствено со почит и им кажа, „Доколку не сакате да заминам, ќе останам“, заврши Мбапе.