Мбапе се откажа од тужбата кон ПСЖ

Oд заминувањето од Пари Сен Жермен актуелна беше „војната“ помеѓу Килијан Мбапе и францускиот гигант.

Прво започна со барањето на Мбапе да му се исплати сумата за лојалјност која ПСЖ сметаше дека не ја заслужува затоа што не го продолжи договорот и замина во Реал Мадрид.

Неодамна се појави и информацијата дека францускиот голгетер испратил тужба за психичко вознемирување од „светците“.

Но, сега пристигнуваат нови информации дека Мбапе го подобрил односот со својот поранешен клуб и се откажал од тужбата.