Мбапе сруши рекорд на Меси во Лигата на шампионите
Младата фудбалска ѕвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе, со 23 години, десет месеци и 13 дена, стана најмладиот играч во Лигата на шампионите кој стигнал до 40 голови.
Тој со вчерашната реализација во мрежата на Јувентус го помина неговиот соиграч, Лео Меси, кој досега беше рекордер со 24 години, четири месеци и осум денови.
Аргентинецот го држеше рекордот од 2011 година.