Мбапе ќе добие богатство за да го облече дресот на Реал
Сега е веќе е и официјално потврдено – Килијан Мбапе на крајот од
сезоната заминува од Пари Сен Жермен. Францускиот
репрезентативец мина цели седум сезони во Париз во кои освои се
што можеше во Франција, но не и Лигата на шампионите, додека
често беше напаѓан од најжестоките навивачи на „светците“.
Меѓутоа се чини дека „секирите се закопани“ кога се во прашање
ултрасите кои му подготовиле кореографија за последниот меч во
Париз, а се најавува дека самиот фудбалер ќе направи скара и ќе се
дружи со лидерите на навивачката група.
Јавна тајна е дека Мбапе на лето ќе стане нов играч на Реал Мадрид,
кој му подготви богат договор, поголем од сегашниот во Париз.
Францускиот новинар Фабрис Хокинс најави дека Мбапе сигурно ќе
стане најплатениот фудбалер на Реал и дека клубот му обезбедил комерцијални права кои никој во историјата на Реал ги немал, но
самата плата ќе биде помала отколку кога се преговарало за
потенцијалното доаѓање две сезони претходно.
Мбапе ќе има годишна плата од 25.000.000 евра откако ќе му се
одземат сите даноци во Шпанија, додека оваа сезона заработува
20.000.000 евра.
Поради високите даноци во Франција, Пари Сен Жермен на платата
на Ембапе ќе потроши дури 72.000.000 евра, па одличниот фудбалер
номинално ќе има помала плата во Мадрид, но поголема
заработувачка.
Кога на тоа ќе се додаде и бонусот за потпис при пристигнувањето
како слободен играч, кој сè уште не е познат, нема сомнеж дека Мбапе ќе заработи огромна сума на пари за време на неговиот престој во Реал.