Мегваер доби нов поддржувач, Тухел го сака во Челзи
Челзи упатиле барање за можноста да го ангажира дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, според „Дејли Мејл“. Лондончани ја разгледуваат опцијата да го вклучат англискиот интернационалец како дел од зделката за трансферот на Кристијан Пулишиќ во редовите на „црвените ѓаволи“.
Не е тајна дека Челзи е во потрага по нов играч кој ќе ја засили одбраната. И покрај ангажманот на Калиду Кулибали од Наполи, на „сините“ им треба барем уште едно засилување во таа област бидејќи клубот беше напуштен од Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен летото и моментално имаат малку опции во центарот на одбраната.
Главна трансфер цел на Челзи е Весли Фофана од Лестер. Сепак, преговорите за 21-годишниот талент одат напорно, па затоа на „Стемфорд Бриџ“ размислуваат за други опции, а една од нив е и Мегваер.