Мегваер не отстапува ни евро од својот договор во Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед сака да се ослободи од Хари Мегваер, кој не е повеќе во плановите на тренерот Тен Хаг.
Мегваер веќе подолго време пружа лоши партии, па е трет избор кај Тен Хаг, а клубот сака да се ослободи од него ова лето. Меѓутоа, тоа нема да биде лесно бидејќи Англичанецот одбива да си замине од „Олд Трафорд“.
Дефанзивецот има договор со „црвените ѓаволи“ до 2026 година и плата од 10 милиони фунти годишно, сума која ниту еден друг клуб не може да му ја гарантира.
Тен Хаг бил бесен на ваквиот став на Мегваер бидејќи сакаше со неговата продажба да отвори простор за доаѓање на нов дефанзивец.