Мегвајер разочаран: Многу лесно испуштивме два бода
Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегвајер, изрази разочарување после ремито со Барнли од 1:1, во 24.коло на Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ беа многу подобра екипа во првото полувреме, меѓутоа чврстиот тим на Барнли успеа да изедначи на стартот од второто полувреме.
Искусниот дефанзивец е свесен дека навијачите на Манчестер Јунајтед се повторно разочарани од ваквиот резултат.
„Имавме контрола во првото полувреме и моравме да победиме после големиот број на шанси кои ги направивме. Едноставно, моравме да постигнеме втор гол. Вака повторно многу лесно прокоцкавме два бода“, изјави капитенот Мегвајер.