Медведев го освои турнирот во Алмати

Рускиот тенисер Данил Медведев го совлада Грузиецот Николоз Басилашвили со 2-1 во сетови во финалето на турнирот во Алмати. Медведев ја освои 25. титула во кариерата, откако триумфираше на турнирот во Алмати, каде што воедно успеа и да ја одбрани титулата.

Русинот на тој начин за првпат во кариерата успеа да одбрани титула.

И покрај поразот, Басилашвили има причини за задоволство по одличната недела во Алмати. Благодарение на настапот на турнирот, тој се враќа во Топ 100 на АТП-листата по подолг период и сега се наоѓа на 94. позиција.

Во трката за пласман на Завршниот мастерс, Медведев напредуваше до четвртото место, па се чини дека веќе е на чекор до настап на турнирот во Торино.