Медведев со победа го почна Мастерсот во Торино

Најдобриот руски тенисер, Данил Медведев ја оствари првата победа на завршниот турнир во Торино и тоа во соочувањето со домашниот фаворит Флавио Коболи.
Првиот сет донесе драма, се се решаваше во тајбрејкот во кој Русинот го искористи и своето искуство и со 7-4 поведе со 1-0.
Воден од оваа енергија му беше полесно во продолжението и со 6-3 го заокружи мечот за први бодови во групата.