Медисон од Тотенхем прва желба на новата Астон Вила

Астон Вила наводно го следи закрепнувањето на Џејмс Медисон за кого подолго време има вистински интерес за трансфер. Според „Фудбал Инсајдер“, Медисон кој ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено за време на пријателскиот натпревар на Тотенхем против Њукасл Јунајтед во Јужна Кореја, полека се опоравува и ова лето би можел да го смени клубот. Повредата го погоди истото десно колено кое претходно му предизвика проблеми за време на неговиот престој во Лестер Сити и го принуди да ги пропушти натпреварите на Спарс на крајот од сезоната, вклучително и финалето на Лигата на Европа.
Ако Тотенхем по некоја случајност испадне од Прмеиер лигата, Медисон сигурно сам ќе побара трансфер, а Астон Вила ќе ја чека својата шанса да го добие неговиот потпис.