Мекгрегор: Моето колено е уништено

Ирецот заработи тешка повреда само 69 секунди по почетокот на борбата против Макс Холовеј.
Мекгрегор потврди на социјалните потврди дека ги скинал предниот вкрстен лигамент (ACL) и менискусот на десното колено, додека првиот човек на УФЦ, Дана Вајт, изјави дека „коленото е уништено“.
Интересно е што ова е речиси идентична повреда како онаа што ја заработи во нивната прва пресметка во 2013 година, но тогаш беше повредено левото колено и успеа да стигне до победа.
Сега го очекува нова долга пауза и рехабилитација, но Ирецот порача дека нема намера да се откаже и дека повторно ќе се врати во октагонот.