МекГрегор најави враќање во УФЦ кафезот
Поранешниот шампион во две тежини на УФЦ, Конор МекГрегор, вели дека набрзо ќе се врати во рингот и дека ќе освои милиони.
Ирецот кој подолг период не бил тестиран од ВАДА ќе може да се бори најрано во април или мај во 2023 година.
„Напорно тренирам секој ден. Тоа ќе биде мојата подготовка за враќање во кафезот. Ќе почнам да тепам луѓе за милиони долари. Лесна работа“, напиша МекГрегор.