Мекиќ: Мораме да веруваме во позитивен резултат против Литванија

Македонија против Литванија, во четврток навечер, од 18:00 часот во салата на СРЦ „Кале“, ќе го играат натпреварот од третиот круг од евро-квалификациите за пласман на наредниот Евробаскет во 2025 година.

Нашите најдобри кошаркарии успешно го одработија и третиот ден од подготовките за двомечот со селекцијата која доаѓа од Балтикот.

Репрезентација која е фаворит во оваа конкуренција во која освен нашата селекција се уште и Естонија и Полска. Запознат е со квалитетите на нашиот ривал и Адем Мекиќ:

„Литванија е една од најсилните репрезентации во светот, а дуелите со неа се од исклучително значење за нас. Имавме успех на гостувањето во Полска, ќе мораме сите да бидеме на висина на задачата, да дадеме 200% од нашите можности, и да се обидеме да изненадиме барем на домашен терен“.

Нашиот крилен играч го респектира противникот и смета дека за „нешто повеќе“ ротив фаворитот ќе ни треба, пред се, доста агресивност во о вие, но и оние 40. минути кои следуваат во Клаипеда.

„Како репрезентација, мораме да бидеме агресивни, секако дека го респектираме противникот, но не треба да се повлечеме. Мораме да веруваме во позитивен резултат“, рече Мекиќ по успешно одработениот тренинг во СРЦ „Кале“.