Мексиканецот Васкез потпиша за Џенова
Џенова го привлече мексиканскиот дефанзивец, Јохан Васкез, објави официјалната веб-страница на италијанскиот фудбалски состав.
Според неофицијалните информации, калчо-тимот платил околу 3,5 милиони евра за да го ангажира репрезентативецот на Мексико кој досега ги бранеше боите на Унам Пумас. Васкез кој во октомври ќе наполни 23 години, игра на позицијата централен дефанзивец, но, одлично се претставува и како лев бек.
Васкез кој има одиграно 2 меча за сенироскиот состав на Мексико, во текот на летово на Игрите во Токио се израдува на бронзениот медал.