Мексиканска Пачука стои на патот на Реал до светска титула

Европскиот шампион Реал Мадрид вечерва ќе ги одмери силите со мексиканска Пачука во финалето на Интерконтиненталниот куп. Натпреварот ќе се одигра во Доха, Катар со почеток од 18:00 часот.

Интерконтиненталниот куп ги спротивставува шампионите на сите шест светски конфедерации. Сега победникот на Лигата на шампионите на Стариот континент има предност што оди директно од финалето, додека останатите играат директни елиминациски натпревари. Пачука, која денеска ќе се обиде да направи сензација против фаворизираниот тим на Карло Анчелоти, во полуфиналето го елиминираше јужноамериканскиот првак Ботафого.

Мексиканците ги предводи уругвајскиот селектор Гилермо Алмада, непознат во Европа, а ѕвезда на тимот е централниот напаѓач Саломон Рондон (35 години), кој долги години играше на Стариот континент за клубови како Вест Бромвич, Њукасл, Евертон и други.

Интересно, Пачука и Реал Мадрид ќе се сретнат и на претстојното Светско клупско првенство на лето.