Мексико првпат ја освои Лигата на нации на КОНКАКАФ

Фудбалерите на Мексико за првпат во историјата го освоија трофејот на КОНКАКАФ Лигата на нации. Мексиканците до победа во финалето стигнаа против Панама со 2-1 пред 70.000 гледачи во Калифорнија.
Уште во осмата минута од мечот Раул Хименез донесе предност со глава. Панамците успеаја да се вратат во игра со голот на Адалберто Караскиљо од белата точка, а на сличен начин и Мексико стигна до победата.
Сите чекаа крај и продолженија, а Кордоба играше со рака. Одговорноста ја презеде Хименез и реализира за 2-1 и прв трофеј на Мексиканците. Со ова беше запрена доминацијата на САД кои ги освоија сите три турнири во Лигата на нациите од нејзиното основање.
Инаку, САД загуби во „малото финале“ од Канада со 2-1.