Менаџерот на Влаховиќ објави дека напаѓачот ќе си замине од Фиорентина
Менаџерот на Душан Влаховиќ , Дарио Ристиќ изјави дека неговиот клиент сака да се пресели во друг клуб.
“Фиорентина минатото лето имаше понуда од 60 милиони евра плус бонуси за Душан. Имавме разговори со друг клуб, но претседателот Комисо не сакаше ниту да слушне за негово заминување. Тој рече дека се однесува со Влаховиќ како кон сопствен син, и ни понуди продолжување на договорот со неговиот сегашен клуб. Ние кажавме дека не сакаме да го обновиме договорот со Фиорентина, затоа не комуницираме ниту со новинарите ниту со клубот“, изјави Ристиќ за Фудбал Италија.
Сегашниот договор, според кој Влаховиќ добива 800.000 евра годишно, истекува во јуни 2023 година. Од Фиорентина се подготвени да му понудат нов петгодишен договор со плата од 4 милиони евра по сезона, меѓутоа по се изгледа дека Душан Влаховиќ ќе ги напушти “виолетовите“ и ќе се испроба во друг клуб.