Менаџерот на Мане ги откри причините за заминувањето од Минхен

Садио Мане неодамна стана играч на Ал Наср, откако го напушти Баерн Минхен.

По неговото заминување од Ливерпул во Баерн Минхен, неговата кариера не одеше според посакуваниот терк, па тој беше соочен со заминување од Минхен.

Помеѓу Мане и Сане дојде до сериозен инцидент пред неколку месеци во натпреварот против Сити во ЛШ, по што дојде и до физичка пресметка меѓу нив двајца, а првите информации беа дека сето тоа почнало од Сенегалецот.

„Многу работи беа кажани и напишано, но малку од вистината. Тоа беа валкани работи кои ги изнесоа германските медиуми, се со цел да удрат намерно по Мане и да го извалкаат. Лага е дека Баерн го казни Мане 500.000 евра поради инцидентот. Сите кои се разбираат во фудбалот, знаат дека Лерој Сане е арогантен човек, а Мане се спротивно од тоа“.

„Садио по поразот од Сити му пријде на Лерој Сане, а овој го удри Сенегалецот по што морале да интервенираат соиграчите. На крајот Сане му се извини на Мане, но зошто? Затоа што тој го почна инцидентот, дури претходно Мане и трпеше расистички навреди од арогантниот Сане, тоа е целата вистина“, открива Бакари Сисе, портпарол менаџерот.