Менди се повреди, нови грижи за Анчелоти

Реал Мадрид потврди дека левиот бек на тимот Ферланд Менди заработил повреда на квадрицепсот на десниот бут.

Французинот беше заменет со Фран Гарсија непосредно пред крајот на натпреварот против Џирона (0-3), а според тамошните медиуми очекуваниот период на опоравување е околу три недели. Тоа значи дека Менди ќе го пропушти натпреварот од Лигата на шампионите со Аталанта и останатите натпревари до крајот на годината, вклучувајќи го и финалето на Интерконтиненталниот куп.

Добрата вест за Реал Мадрид е поврзана со Џуд Белингем, кој исто така беше заменет за време на натпреварот, но се разбира дека избегнал повреда. Во меѓувреме, Родриго ги продолжи тимските тренинзи и ќе биде на располагање за пресметката со Аталанта.