Мерино започна со тренинзи по долгата рехабилитација

Фудбалерот на Арсенал, Микел Мерино, влезе во последниот период за рехабилитација и започна да работи индивидуални тренинзи, наведуваат медиумите во Англија.
Репрезентативецот на Шпанија е надвор од терените од јануари поради сериозна повреда на стапалото за која беше потребна операција и долго закрепнување.
„Топчиите“ во финишот на сезоната се речиси пред освојување на Премиер-лигата а ги чека и финалето со ПСЖ во Лигата на шампионите закажано за 30 мај во Будимпешта.