Мертенс ја намали платата за да потпише нов договор со Наполи

Белгискиот напаѓач на Наполи, Дрис Мертенс ќе потпише нов договор со клубот.

Мертенс постигна договор со претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис, кој вчера присуствуваше на тренингот на тимот, а потоа ги покани тренерот Лучијано Спалети и играчите на вечера. Тој се обидува да го обедини тимот пред решавачките натпревари за пласман во Лигата на шампионите.

34-годишниот Мертенс за Наполи игра од 2013 година, а актуелниот договор со клубот му истекува ова лето, но ќе биде продолжен за уште една година.