Мертенс: Ќе заминам со насмевка и да не добијам нов договор во Наполи

Дрис Мертенс потврди дека има клаузула за продолжување на договорот со наполитанците, но не знае дали клубот ќе ја активира.
34-годишниот играч е дел од Наполи од 2013 година, откако го напушти ПСВ Ајндховен, а неговиот актуелен договор ќе истече во јуни 2022 година.
„Има опција во договорот, ќе видиме што ќе се случи“, изјави Мертенс за Скај Спорт Италија.
Инаку, Белгиецот е најдобар стрелец на клубот на сите времиња со 141 гол на 376 натпревари.