Месина го наполни комплименти Димитријевиќ по победата против Реал

Еторе Месина по синоќешната победа над Реал Мадрид во Евролигата не штедеше пофални зборови за македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ.
Популарниот Нено синоќа постигна 22 поени и беше најдобар поентер на натпреварот. Извонредната партија се покажа како клучна за победата на Милано над кралскиот клуб.
Погледнете каква игра демонстрира. Да не заборавиме дека Нено е само дебитант во Евролигата. Во последната четвртина во Виторија и против Виртус имаше големо влијание на играта. Сигурен сум дека ако се навикне физички на лигата, ќе остави навистина силна трага во Евролигата, изјави Месина по дуелот.