Месина: Димитријевиќ го заслужи МВП признанието
Македонскиот кошаркар Нено Димитријевиќ кој дојде од редовите на Уникс успеа да освои МВП признание уште на првиот натпреварувачки турнир на кој настапи со својот нов клуб, а тренерот Еторе Месина по мечот со свое видување за настапит на нашиот репрезентативец.
„Мислам дека двете сезони поминати во Казањ и соработката која ја имаше со одличен тренер како Перасовиќ, го направија позрел играч. Заслужено му припадна МВП признанието, но според мене, тој може да игра уште подобро откако ќе се адаптира и повеќе ќе ги користи соиграчите на теренот.
Кога ги ангажиравме него и Леандро (Болмаро) јасно им посочив на двајцата дека ќе треба да се надополнуваат, односно планирам да играат двајцата во исто време, а така беше на овие два натпревара“, изјави Месина.
Димитријевиќ беше најефикасен со 14 поени во полуфиналето, додека во финалето против Виртус Болоња, со поголема минутажа реализираше 16 поени, заедно со 6 асистенции и 5 скокови, статистика со која ја заслужи и МВП наградата.