Меси: Бразил и Франција се главни фаворити на СП во Катар
Фудбалерот на Париз Сен Жермен и капитен на Аргентина Лионел Меси, изјави дека Бразил и Франција се најголеми фаворити за освојување на титулата на Мундијалот во Катар.
Меси избегна да ја смести и својата Аргентина во кругот на фаворити на претстојното Светско првенство кое ќе се одржи од 20.ноември до 18.декември оваа година.
Аргентина на СП ќе настапи во групата Ц заедно со Саудиска Арабија, Мексико и Полска. Бранител на светската титула е селекцијата на Франција.