Меси го добива најубавиот подарок за роденден!

Капитенот на Барселона и репрезентацијата на Аргентина, Лионел Меси ќе го продолжи договорот со Каталонците на уште две години!

По доста неизвесности за Барселона и нивните навивачи, конечно можат да се опуштат. Лионел Меси ќе остане во Каталонија уште две сезони, а потоа се сели во МЛС, односно во Интер Мајами, па по крајот на професионалната кариера ќе добие функција на „Камп Ноу“.

Наскоро треба да следи и официјално соопштение по повод договорот на Аргентинецот со претседателот на клубот Лапорта, а со оглед на тоа што роденденот на Меси е утре, тој ќе биде оној што ќе го подели подарокот со навивачите.

Она што е интересно е дека Меси се согласи на намалување на платата, што за Барселона беше од круцијално значење со оглед на тоа што Ла Лига им се „закани“ со одземање на лиценцата за натпреварување наредната сезона поради големи долгови.

Последниот договор на Меси ја чинеше Барселона 24 милиони евра на годишно ниво, а вкупно 96 милиони евра. Сега ќе биде на половина. Исто така, Барселона двегодишната плата на Меси ќе ја исплаќа во наредните пет години.