Меси е сериозно повреден, Интер Мајами крие од фановите
Интер Мајами ноќеска ремизираше со Њујорк Сити (1-1), повторно во отсуство на својата најголема ѕвезда Лионел Меси кој веќе четврти меч во низа не е во составот на тимот од Флорида.
Аргентинецот не беше ни во протоколот откако претходно ги пропушти дуелите со Орландо и Атланта, како и со Хјустон во финалето од Купот. Шансите за пласман во плејофот се се помали, но на навивачите тоа не им е многу важно кога го искажуваат својот бес кон клубот. Тие плаќаат стотици долари за да го видат на дело најдобриот фудбалер на сите времиња, а тој можеби и ја заврши сезоната поради повреда. Од тие причини бараат Интер Мајами да биде транспарентен и да каже точно каква е состојбата со Меси. Да биде иронијата поголема, иако Меси не играше, во информацијата за конечниот резултат, објавена на Твитер, стои фотографија со Меси иако тој воопшто не беше во комбинација за настап.