Меси и Барселона се договориле за потпишување на нов договор

Лионел Меси може да остане во каталонскиот клуб. Според „Диарио Спорт“, претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, во неколку наврати се сретнал со таткото на фудбалерот и агентот Хорхе Меси. Забележано е дека веќе во текот на првите преговори, двете страни се блиску до договор за продолжување на соработката.
Лапорта објасни какви услови е подготвен да му понуди на Меси, а овој предлог беше одобрен од семејството на фудбалерот. Во исто време, и покрај постигнатиот напредок, деталите сè уште треба да се допрецизираат. Меси, наводно, е поблиску до одлуката да остане, иако конечниот договор е уште далеку.
Претходно беше кажано дека Меси е близу до продолжување на договорот со Барселона до 2023 година. Наводно, Лео е подготвен да ја намали тековната плата за 50% доколку клубот потпише двегодишен договор со него, кој ќе вклучува подоцна преселување во МЛС и улогата на претставник на клубот во САД. По враќањето од САД, Аргентинецот сака да добие позиција во структурата на Барселона.