Меси и натаму е поврeден, нема да игра ни на првите априлски мечеви за Интер Мајами

Напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси нема да игра против Њујорк Сити во натпреварот од регуларната сезона на МЛС лигата.
36-годишниот Аргентинец веќе ги пропушти натпреварите против ДЦ Јунајтед (3-1) и Њујорк Ред Бул (0-4).
„Лео работи со физиотерапевти. Тој е надвор од групата за викенд мечот. Тој нема да биде достапен бидејќи се обидуваме да направиме се што е можно за да може да игра на домашен терен следната среда против Монтереј“, изјави членот на стручниот штаб на Интер Мајами, Хавиер Моралес.
Оваа сезона Меси одигра 5 натпревари во сите натпреварувања, постигна 5 гола и имаше уште 2 асистенции.