Меси и ПСЖ нема да продолжат заедно и следната сезона?

Лионел Меси е се поблиску до откажување од нов договор со ПСЖ. Актуелниот договор на напаѓачот со парижаните е до летото 2023 година.
Во средата имало средба помеѓу Хорхе Меси, таткото на фудбалерот, и раководните лица на ПСЖ. Како резултат на тоа, страните не успеале да постигнат договор.
Аргентинецот не прифаќа нов договор за период од 1 година, што во моментов е најголема пречка. Во наредните денови се очекува да има уште една средба меѓу Меси и ПСЖ, но вестите не се оптимистички.
ПСЖ велат дека Меси игра на време. Од почетокот на јануари страните не разговараат за продолжување на договорот и најверојатно договор нема да биде постигнат.