Меси: Мојот сон беше да ја завршам кариерата во Барса

Лионел Меси кој во понеделеникот ја освои својата осма „Златна топка“ истакна ека европскиот фудбал за него е завршена приказна. Се шпекулираше дека Меси може да се врати во Барселона, барем на неколку месеци за време на паузата во МЛС лигата, но тоа нема да се случи.

Исто така во интервјуто „Л’Eкип“ потврди дека бил блиску пред доаѓањето во Интер Мајами да потпише за Барселона.

„Можев да се вратам во Барселоан, но тоа не се случи. Кога заминував во 2021 година се случи одеднаш. Мојата прва идеја секогаш беше да се вратам дома и повторно да играм во дресот на Барселона, сонував таму да ја завршам кариерата. Но, тоа не беше можно. Затоа одлучив да потпишам за ИНтер Мајами.

Имав многу понуди, беа различни. Од Барса, други европски клубови, клубови од Саудиска Арабија…Но, со моето семејство го избравме Интер Мајами и среќни сме поради тоа. Тука се чувствуваме навистина добро, уживаме во секој ден поминат во градот. Можеме многу да направиме заедно, среќен сум за времето поминато со сопругата и децата, тие најмногу ми недостасуваа. Мајами е спектакуларен град со одлична клима“.