Меси најави крај на своите настапи за Аргентина
Ѕвездата на аргентинскиот и светскиот фудбал, Лионел Меси, најави крај на својата репрезентативна кариера.
Тој во изјава после победата од 3:0 над Венецуела кажа дека многу работи ќе се променат за него после Светското првенство во Катар.
„Не знам што ќе правам по Светското првенство. Размислувам за она што претстои. По Катар ќе треба да проценам многу работи“, изјави Меси.
Запрашан дали ќе продолжи да го носи дресот на својата репрезентација и следната година, Меси рече: „Не знам, вистината е дека не знам. Размислувам за тоа што доаѓа наскоро, натпреварот со Еквадор во вторник и контролите во јуни и септември. Се надевам дека ќе поминат на најдобар начин. Едно е сигурно, по завршувањето на Светското првенство многу работи ќе се променат“, потенцира Меси.