Меси останува во Европа до 2024 година, а потоа се сели во Америка
![](https://blog.evrotip.mk/blog2/wp-content/uploads/2022/12/Mesi.jpg)
Англиските медиуми ја пренесуваат информацијата дека Лионел Меси планира да остане во европскиот фудбал до летото 2024.година, кога планира да се пресели во Америка.
Меси одлучил да остане во ПСЖ барем уште една сезона, а потоа најверојатно ќе заигра за Интер од Мајами, клуб со кој се поврзува подолг период.
Од ПСЖ веќе му порачаа на Меси дека сакаат тој да остане во клубот барем уште една сезона, откако ќе му истече актуелниот договор ова лето, но официјалните преговори ќе започнат после завршувањето на СП во Катар.