Меси останува во Париз Сен Жермен до 2024 година

Угледниот спортски медиум, Еуроспорт, пренесува дека аргентинскиот фудбалер Лионел Меси се договорил за продолжување на договорот со Париз Сен Жермен до 2024 година.

Меси во моментов се наоѓа во родната Аргентина, каде ја прославува освоената светска титула на Мундијалот во Катар, но наскоро се очекува тој да се врати во Париз каде заедно со претседателот на клубот Насер Ал-Келаифи и спортскиот директор Луис Кампос ќе ги дефинира деталите за новиот договор.

Иако постоеја шпекулации дека Меси, после истекот на оваа сезона ќе се врати во екипата на Барселона од каде пристигна во ПСЖ, најверојатно високата финансиска понуда од катарските сопственици ќе биде пресудна тој да остане во тимот од Париз.