Меси: После победата над Мексико за Аргентина почнува друго Светско првенство

Капитенот и најдобар играч на Аргентина, Лионел Меси, изјави дека за неговата екипа после победата над Мексико во второто коло од групата Ц, започнува друго Светско првенство.

„Денес почнува друго Светско првенство за Аргентина. Секогаш им велам иста работа на луѓето, да продолжат да веруваат. Во првото полувреме не одигравме како што треба, но во второто се смиривма и започнавме да напаѓаме и да ги постигнавме головите“, истакнува Меси во изјава за Скај.

Фудбалерите на Аргентина го совладаа Мексико со 2:0, во натпревар од второто коло од групата Ц. Победата е многу важна бидејќи аргентинците во првото коло беа поразени од Саудиска Арабија со 1:2, и мораше да го победат Мексико за да останата во игра за пласман во следната фаза на Мундијалот. Стрелци за гаучосите беа Лионел Меси и Енцо Фернандез.

Во последното коло Аргентина ќе игра против Полска, а Мексико против Саудиска Арабија.